ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

При управувањето и одржување на станбените и деловни недвижности, ги почитуваме  принципите за заштита на животната средина и енергетската ефикасност, со цел да ги заштитиме нашите вработени, сопствениците на недвижностите, животната средина и пошироката околина  во која дејствуваме. 

Поаѓајќи од современите трендови на еко домување, кога голем дел од новите станбени згради имаат сертификат за енергетска ефикасност А класа, со цел да овозможиме задржување на квалитетот и предностите на енергетски ефикасните домови и зеленото еко домување, при извршување на услугите користиме современи и квалитетни еко материјали, модерна опрема и системи за работа, во функција на заштита на животната средина. 
 
Принципи на заштита на животната средина: 
  • Професионален и одговорен однос кон околината од страна на вработените 
  • Идентификација и отстранување на недостатоците кои можат да предизвикаат незадоволство и несакани ефекти врз животната средина  
  • Континуирано подобрување на системот на управување со квалитет и заштита на животната средина, за овозможување поголемо задоволство кај нашите клиенти и партнери 
  • Континуирана едукација, обуки и усовршување на вработените за стручно, професионално и квалитетно спроведување на преземените обврски кон клиентите, партнерите и животната средина
  • Перманентна грижа за заштита на животната средина и општествената одговорност