АДОРА DIAMOND GARDEN

    Атрактивен станбено-деловен објект на ул. „Московска“ бр. 17 А, во Тафталиџе, Општина Карпош, Скопје. Објектот кој со 5,5 тони зеленило од природно потекло е прогласен за најголема внатрешна градина за зелено домување во Европа, стави уникатен печат на овој дел од современо Скопје, носејќи ја природата во урбан објект за современо домување. 

Објектот е десеткатница со два влеза и 136 модерни станови за зелено домување.
Со два средишни атриуми и изобилство природна светлина и научно потврдена иделна микро клима и квалитет на воздухот во внатрешната градина. На приземјето на објектот има 12 ексклузивнио деловни простории со различни дејности.

Оваа македонска дијамантска градина го донесе Boutiqie концептот на недвижности и домување во Македонија и Југоисточна Европа, за што е добитник на интернационалната награда од Светската маркетинг организација во Амстердам, 2018 година.