ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ

Во извршување на нашите професионални услуги во доменот на управувањето и хигиено-техничкото одржување на доверените недвижности ( станбени и деловни згради ), се обврзавме дека одговорно и совесно ќе управуваме со опремата, материјалите и човечките ресурси, реализирајќи ги нашите работни процеси во согласност со современите стандарди и трендови за квалитетно домување. 
Во извршување на работата, Adora Facility Management се придржува на Законот за домување и другите позитивните законски прописи во Република Македонија и на етичките норми, користејќи најнови светски технологии, иновации, искуства, знаења, најмодерна опрема, материјали и средства за работа  во областа на квалитетното домување.
Нашата политика на квалитет е насочена кон професионално и домаќинско работење, кое резултира не само со подобрување на квалитетот на живот во зградите со кои управуваме и ги одржуваме, туку  и со зголемување на пазарната вредност на Вашата недвижност. 
 
Принципи на квалитет: 
  • Задоволни клиенти и партнери од добиените услуги
  • Постојано унапредување на квалитетот на услугите 
  • Прилагодување кон пазарот 
  • Идентификација и отстранување на недостатоците кои можат да предизвикаат незадоволство и несакани ефекти кај клиентите, партнерите, животната средина 
  • Континуирана едукација, обуки и усовршување на вработените за стручно, професионално и квалитетно спроведување на преземените обврски кон клиентите, партнерите и животната средина
  • Задоволство кај нашите вработени, што овозможува спроведување на овие политики 
  • Корпоративна општествена одговорност со грижа за заедницата и општеството