ADORA FACILITY MANAGEMENT СЕ ГРИЖИ ЗА ТЕКОВНОТО ОДРЖУВАЊЕ НА ДИЈАМАНСКАТА ГРАДИНА НА АДОРА ВО СКОПЈЕ

Adora Facility Management, лиценцирана компанија за управување со станбени згради, е станбен управител кој се грижи за тековното одржување на Адора Diamond Garden, најновиот атрактивен станбено-деловен објект на градежниот бренд Адора на ул. „Московска“ 17 А, во населбата Тафталиџе, Општина Карпош, Скопје.   
Нудејќи високопрофесионални и навремени услуги за управување и тековно одржување, како најдобар партнер на сопствениците на станови и деловни простории во Дијамантската градина на Адора, Adora Facility Management континуирано се грижи за одржување на квалитетот и за зголемување на вредноста на недвижниот имот на своите клиенти. Целта е на сопствениците и корисниците на станови и деловни простории во ексклузивниот објект Diamond Garden, да им се обезбеди трајна вредност на нивните недвижности и непречено долгорочно користење на сите удобности и придобивки од сигурното, комфорно, пријатно, здраво, економично и хумано домување, во внатрешноста и надворешниот дел од зградата. Вистински предизвик за Adora Facility е одржувањето на најголемата внатрешна градина со 5,5 тони растенија од природно потекло во двата атриуми во објектот, со најсовремени методи за континуирано и периодично адекватно чистење од страна на специјализирани лица. Со тековното одржување особено внимание се посветува на хигиената во внатрешното детско  катче и неговите содржини за забава на најмладите и на чистење на високите стаклени површини во атриумите и надворешните стаклени агли на зградата, за што ќе се ангажираат специјализирани лица-спајдери. Особено значајно за сопствениците на недвижности во зградата е 24 часовното присуство на домаќини-домари кои се на услуга на станарите во три смени на приемниот рецептивен пулт на влезот во објектот, што е опфатено во тековното одржување. 
Унапредувајќи го работењето со примена на иновациите и новите стандарди во областа на квалитетното тековно одржување, Adora Facility се труди да ја оправда довербата со континуирана грижа за имотот доверен од сопствениците на недвижности, а со тоа да придонесе и за развој на станбениот фонд во нашата држава. 
Adora Facility Management со фактурирање на услугитe за сопствениците на станови и деловни простории во објектот Адора Diamond Garden, започнува во текот на мај со доставување на сметки за тековното одржување во април 2019. 
Клиентите и сите заинтересирани, со дејноста, услугите и актуелните информации за деловниот субјект Adora Facility Management , може да се запознаат на веб страната www.adorafacility.mk .