ИНИЦИЈАТИВА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ ПРОДАЖНА ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА ВО АДОРА FLATIRON И DIAMOND GARDEN

Се информираат сопствениците на станови, дека има иницијатива во влезното фоаје на објектите Адора Flatiron во централното подрачје на Скопје и во Адора Diamond Garden, во Карпош, Тафталиџе, за поставување на мали пригодни изложби со уметнички дела на младата сликарка Спасија Филипова. Идејата е со изложување на уметничките дела да се разубави и облагороди внатрешниот влезен простор на објектите, каде се движат, одмораат и дружат станарите и посетителите, а 20 % од средствата добиени од продажба на сликите да одат како прилив во буџетот за тековно одржување / резервен фонд за објектот каде што ќе се реализира продажбата. 
Со прифаќање на оваа идеја, за што сопствениците на становите треба да потпишат согласност во домарската служба, преку организирање постојана ликовна изложба ќе се даде поддршка на уметноста и на младата талентирана сликарка Спасија Филипова, ќе се оплеменат и збогатат заедничките простории на атрактивните станбени објекти, а со продажба на ликовните дела ќе се намалт трошоците за тековно одржување / резервен фонд на објектите. Мотивот за организирање на овие постојани уметнички изложби е пред се на станарите да им се овозможи попријатен амбиент за домување со еден нов, современ стил и концепт на уредување на ентериерот на заедничките простории во објектите каде има секојдневна фрекфенција и движење, како и заедницата да ја поддржи културата, уметноста и домашните автори.